Неделна прогноза за Куманово: Следува уште една топла седмица

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и многу топло со умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно и многу топло време.

Ќе дува умерен до умерено засилен ветер од јужен и југозападен правец.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу 15 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 33 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  КБК Куманово ќе учествува на Државното кик-бокс првенство

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево и многу топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од југозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 15 степени, а максималната дневна ќе достигне 32 степени целзиусови.

Сончево и многу топло со мала облачност ќе биде врмето и во среда, кога ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 15 до максимални 31 степен целзиусов.

Во четврток ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува умерен до умерено засилен ветер од југозападен правец, а температурата ќе се движи меѓу минимални 14 и максимални 30 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  168 случаи на грип минатата недела во Куманово

 

Loading...

 

Петок носи нешто пониски температури. Времето и натаму ќе биде претежно облачно со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец, кој на моменти ќе достигне брзина и до 40 километри на час. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 11 степени, а дневниот максимум ќе се искачи до 25 степени целзиусови.

Во сабота ќе имаме сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од минимални 13 до максимални 29 степени целзиусови.

Сончево и топло со мала облачност ќе биде времето и во недела, кога ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 15 до максимални 29 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Работник од Бангладеш загина во кратовско Кетеново

 

 

Loading...

Следната работна недела се очекува да се искачат температурите и до 37 степени целзиусови.

Никола Ивановски