Руските воздухопловни сили нападнаа 13 бази на милитантите во Сирија

Сподели со своите пријатели

Во изминатите 24 часа руските воздухопловни сили извршија напади врз 13 идентификувани бази на милитантите во планинските венци на провинциите Хомс и Деир Ез-Зор во Сирија, изјави денеска заменик-шефот на рускиот центар за помирување на завојуваните страни во Сирија, Јуриј Попов.

Loading...

„Во изминатите 24 часа, руските воздухопловни сили извршија напади врз 13 идентификувани бази на милитанти кои ја напуштија зоната Ал Танф и се криеја во тешко достапните области на планинските венци Ал-Амур во провинцијата Хомс и Ал Бишри во провинцијата Деир Ез-Зор“, рече тој, пренесува Интерфакс.

Тој наведе и дека во воздушниот простор на Сирија и во источниот дел на Средоземното Море продолжуваат заедничките руско-сириски вежби, чија цел е да се тестираат ефектите од заштитата на територијалниот интегритет на земјата од внатрешни и надворешни закани.