Французин уапсен во Русија, обвинет за собирање информации за воени активности

Сподели со своите пријатели

Москва објави дека уапсила француски државјанин обвинет дека собирал информации за руските воени активности и дека не се регистрирал како „странски агент“, јавува денеска Би-би-си.

Loading...

„Таквите информации, доколку се добијат од странски извори, може да се користат против безбедноста на државата“, соопшти Рускиот истражен комитет.

Објавена е и снимка на која наводно се гледа апсењето на неименуван маж во московско кафуле.

Невладината организација Центар за хуманитарен дијалог со седиште во Швајцарија подоцна објави дека нејзиниот советник, Лоран Винатиер, бил приведен во главниот град на Русија.

„Свесни сме дека Винатије е приведен во Русија“, изјави портпаролот на невладината организација за АФП, додавајќи дека тие работат на да добијат повеќе детали за околностите и да обезбедат негово ослободување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Трамп нема официјален план за завршување на војната, подготвен сум за разговори

Невладината организација наведува дека нејзина основна дејност е „спречување и решавање на вооружени конфликти низ светот, со посредство и дискретна дипломатија“.

Франција не го коментираше ова прашање.

Врските меѓу Париз и Москва се затегнати поради рускиот напад врз Украина во 2022 година.

Loading...

Рускиот истражен комитет во денешното соопштение наведува дека е отворено кривично дело и дека осомничениот ќе биде обвинет „во најкраток можен рок“.

Французинот, наводно, неколкупати ја посетувал Русија во последните години, при што имал средби со руски државјани.

Тој беше обвинет и дека не ги доставил документите потребни за „впишување во регистарот на странски агенти“.

Русија бара секој што добива странска поддршка или странско влијание да се декларира како таков агент.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Драма на небото над Лондон: Авион приземјен веднаш по полетувањето

Минатата година под слични обвиненија беше уапсена руско-американската новинарка Алсу Курмашева.

Обвинението предвидува затворска казна до пет години.