Пред 32 години исчезнала Патриша Копта од Питсбург во САД, а нејзиното исчезнување го пријавил сопругот на Боб на 27 ноември 1992 година.
Сепак, таа била пронајдена по повеќе од две децении во старечки дом.
Во старечкиот дом во Порто Рико престојува од 1999 година, а успеале да ѝ влезат во трага благодарение на социјалниот работник, кој бил загрижен за нејзино добро.
ДНК примерокот потврдил
Година дена се обидувал да открие која е мистериозната жена, а одговорот го добил благодарение на ДНК-тестирањето кое го направил.
Кога исчезнала, Патриша ги оставила зад себе помладата сестра Глорија и нејзиниот сопруг Роберт, со кој се омажила во 1972 година.
Нејзиниот сопруг сега има 87 години, а во разговор за странските медиуми објаснил дека неговата сопруга имала психички проблеми и дека со текот на годините нејзиното однесување се влошувало.
– Мора да се случило нешто. Некој дошол кај неа затоа што почнала со целата таа приказна ‘светот ќе заврши’ – изјавил претходно и додал дека на луѓето на улица им кажувала дека доаѓа крајот на светот и дека треба да си одат дома.
Таа ги сакала плажата и морето
Полицијата извести дека Патриша им кажала на локалните жители дека пристигнала со брод за крстарење од Европа пред неколку години, но остатокот од нејзиното време на островот останува мистерија.
Нејзината сестра истакнала дека Патриша ги сакала океанот, плажата и сонцето и дека често одела на одмор во Порторико, каде што ја нашле.
Работите тргнале на полошо во раните 90-ти, кога Патриша била ограбена и нејзиниот веренички прстен бил украден. Подоцна имала неколку средби со полицијата, па дури и била уапсена.
Поради болест имала навика да исчезне
Како што објаснил нејзиниот сопруг, Патриша имала навика да исчезне неколку дена поради нејзината болест, но секој пат брзо би била пронајдена.
Се до последното исчезнување, кога била изгубена речиси три децении.
Откако речиси 6 месеци не се вратила дома, тој поднел пријава за исчезнато лице и ја известил полицијата за нејзиното исчезнување.
-Тажно е, но ми олесна. Кога жена ти ќе исчезне, ти си осомничен – тврди Роб.
Тој не се преженил, но рекол дека не планира да ја посети и сега се обидува да го заборави минатото, иако му е мило што знае дека таа е згрижена.
Копта имала сестра близначка која починала без да знае дека нејзината сестра е сè уште жива.