Европските и американските берзански индекси денеска се во пораст, цената на нафтата падна, а златото и пченицата поскапеа.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 18.496,75 поени, британскиот FTSE 100 на 8.258,84 поени, францускиот CAC 40 на 7.977,40 поени, а московскиот MOEX на 3.225,14 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 38.711,29 поени, S&P 500 на 5.291,34 поени, вредноста на Nasdaq индексот на 16.853,74 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 73.219 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 77.505 долари.
Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 33.900 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 2.332,68 долари за унца, а на пченицата на 6,5886 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08780, што е приближно исто како во вторникот.