Констанца Г. (74) од Линколн, Небраска последните денови од животот ги поминала во дом за стари лица.
– Таму беше прогласена за мртва во понеделникот – изјави шерифот Бен Хучин за локалната телевизија КЕТВ.
Жената потоа била пренесена во мртовечница и кога почнале да ја подготвуваат за погребот, гробарот забележал дека жената сè уште дише.
Веднаш ја известил полицијата, која потврдила дека во домот за стари лица „по грешка е прогласена за мртва“ Констанца Г.
На жената ѝ била укажана прва помош во мртовечницата и итно била пренесена во болница.
Сега биле повикани членовите на семејството кои претходно пријавиле дека жената починала и им било кажано дека е жива.
За жал, жената не живеела долго.
Таа починала во болница неколку часа откако била примена таму.
– Оваа работа ја работам 31 година и вакво нешто досега не се случило – рекол шерифот Хучин.