Јужна Кореја и САД започнаа голема воена вежба со најава за нови

Сподели со своите пријатели

Јужнокорејските и американските војници почнаа голема воена вежба за преминување на реката, со цел да ги подобрат заедничките оперативни способности, соопшти денеска јужнокорејската војска.

Loading...

Петдневната вежба започна во понеделникот на реката Намхан во Јеоџу, 61 километар југоисточно од Сеул, а во неа учествуваат околу 590 војници и 243 механизирани средства и авиони, вклучувајќи хеликоптери CH-47D, тенкови K1A2 и оклопни возила K808, се вели во соопштението на Новинска агенција Јонхап.

Јужна Кореја, исто така, е подготвена да ги продолжи артилериските вежби во близина на воената линија за демаркација со Северна Кореја и северозападните погранични острови веќе овој месец, изјавија денеска воени извори за агенцијата, откако Сеул вчера практично го суспендираше договорот за деескалација од 2018 година со Пјонгјанг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гренланд навистина би можел да падне во рацете на Трамп, еве како!

Претседателскиот совет за национална безбедност на Јужна Кореја (НСЦ) претходно одлучи да го суспендира воениот договор од 2018 година со Пјонгјанг додека не се врати меѓусебната доверба, како одговор на масовната испорака на отпадни балони од Северна Кореја во Јужна Кореја.

Пјонгјанг испрати речиси 1.000 балони со ѓубре во Јужна Кореја од четвртокот во, како што рече Пјонгјанг, кампања против јужнокорејските активисти кои испраќаат балони со пропаганден материјал кои ги критикуваат севернокорејските власти.

Во април 2018 година, тогашниот јужнокорејски претседател Мун Џе-ин и севернокорејскиот врховен водач Ким Џонг Ун се состанаа во селото Панмунџом и ја потпишаа Декларацијата Панмунџом, по што следеше заедничка декларација потпишана во Пјонгјанг во септември 2018 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американка се пожалила дека нејзиното момче ја малтретира. Следниот ден ja пронашле во станот без глава

Воениот договор, анекс на заедничката декларација, беше потпишан на 19 септември 2018 година, за да се запрат сите непријателски воени дејства и да се воспостават тампон зони преку меѓукорејската граница на копно, море и воздух.