Руските ПВО системи во текот на ноќта соборија пет украински дронови

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта руските системи за противвоздушна одбрана уништија пет украински беспилотни летала над териториите на регионите Белгород, Курск и Воронеж, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Loading...

Се прецизира дека два беспилотни летала се соборени над територијата на регионот Белгород, два над територијата на областа Курск и еден дрон над територијата на регионот Воронеж, пренесува агенцијата Интерфакс Русија.

Во вторникот вечерта гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладков соопшти дека три лица се повредени во напад со дрон на автобус во Шебекин, Белгородско, во кој патувале работници на земјоделска компанија, наведува агенцијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите го уништија еден од најголемите пазари во Европа (ВИДЕО)