Три напуштени бебиња пронајдени во Лондон во последните години. Сите имаат ист татко и мајка

Сподели со своите пријатели

Новороденче пронајдено претходно оваа година во Њухам, источен Лондон, е третото дете напуштено од исти родители.

Loading...

ДНК-тестовите презентирани пред семејниот суд во источен Лондон потврдија дека „Бебе Елса“ е сестра на уште две бебиња, момче и девојче, пронајдени во многу слични околности во 2017 и 2019 година.

И покрај апелите на градската полиција, нивните родители не се откриени.

Би-Би-Си доби специјална дозвола од судот да објави информации за сродството на пронајдените бебиња.

Судијката Керол Аткинсон рече дека приказната е од „огромен јавен интерес“ бидејќи бебињата ретко се напуштаат во модерна Британија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нова студија ја потврди теоријата дека Ковид започнал од кинески пазар

Објавувањето на информацијата не беше поддржано од локалните власти, Англиската служба за советување и поддршка за деца и семејство, која ги советува судовите за најдобриот интерес на децата.

Полицијата соопшти и дека не сака „ненамерно да ги промовира или поттикнува мајките да оставаат несакани бебиња на јавни места“.

Родено еден час пред пронаоѓањето

Loading...

Елса ја пронашол маж кој го шетал своето куче во јануари годинава. Тоа беше најстудената ноќ во годината, а Елса беше завиткана само во крпа во чантата.

Во истиот дел на Лондон се пронајдени уште две бебиња, момчето Хари и девојчето Роман.

Во документите стои дека Елса имала папочна врвца, а лекарите проценуваат дека е родена само еден час пред да биде пронајдена.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијамски близначки од Пакистан успешно разделени во Анкара

Таа била екстремно хипотермична во моментот на нејзиното откритие и плачела.

Судот објави дека Елса, Хари и Роман ќе знаат дека се во роднинска врска и дека веќе има планови да имаат некаков вид на контакт додека растат.

Во Англија и Велс, случаите на напуштање на новородени бебиња се многу ретки.

Заводот за национална статистика последен пат објави податоци во 2015 година, а според нив, ниту едно бебе не било напуштено во претходните три години.

Медиумите објавија напуштено бебе во Хакни, источен Лондон, во 2020 година и друго во Бирмингем во 2021 година.

Loading...

Нивните мајки на крајот биле пронајдени неколку месеци подоцна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мали: 70 загинати во напад на група поврзана со Ал Каеда