Политико: Стравот ќе одлучува за изборите во ЕУ

Сподели со своите пријатели

Стравот на Европејците може да биде клучен фактор на изборите за Европскиот парламент оваа недела.

Loading...

Растечкото чувство на страв би можело да биде одлучувачката сила што ќе го обликува однесувањето на гласачите во земјите од Европската унија, пишува Политико.

Европејците се соочуваат со неизвесност пред масивните економски и културни промени во комбинација со непредвидени кризи и обновени воени конфликти на континентот.

Според истражувањето на агенцијата „Капа Рисрч“, главен проблем на Европејците е економската неизвесност.

Во просек, 47 отсто од испитаниците ги навеле „зголемените трошоци за живот“ како главен проблем, а тоа е особено важно за жителите на Франција, Германија и Романија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мерц разгледува санкции од ЕУ против руски имот

Серијата инфлациски шокови во периодот по пандемијата ги остави Европејците загрижени дали ќе можат да врзат крај со крај.

Ова длабоко чувство на економска несигурност се надополнува со постојаното чувство на неправда кога станува збор за распределбата на богатството.

81 отсто од испитаниците веруваат дека „во Европа богатите стануваат побогати, а сиромашните посиромашни“.

Loading...

Европејците ја наведоа миграцијата како нивен втор најсериозен проблем.

Дури 68 отсто од анкетираните изјавиле дека имиграцијата ја сметаат за „закана за јавниот ред“, додека само 23 отсто рекле дека ја гледаат како „можност за нова работна сила“.

Ваквата загриженост е особено забележлива во Германија и Италија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Емиратите инвестираат 800 милиони долари во сириското пристаниште Тартус

Третиот најважен проблем за жителите на Европа беше „враќањето на војната во Европа“.

Конфликтите во Украина и Појасот Газа се релативно нови фактори, но тие веќе влијаат на изборите во земјите на ЕУ оваа година.

Ова најтешко се чувствува во Естонија, Унгарија, Полска и Романија, земји кои граничат или со Русија или со Украина.

Конечно, европските гласачи укажуваат на стравот од вештачката интелигенција.

Некои го гледаат брзиот развој на технологијата како средство за подобрување на условите за живот и забрзување на економскиот раст, но во просек 51 отсто од испитаниците сметаат дека вештачката интелигенција е „закана за човештвото“.

Loading...