Прскање против бубашваби, глувци и комарци во Куманово

Сподели со своите пријатели

Се известуваат граѓаните на Општина Куманово за претстојните третмани за дезинсекција и дератизација кои ќе се реализираат на 3 јуни 2024 година (понеделник), со почеток во 08 часот.

Loading...

Дезинсекција – третман против црна бубашваба на канализационата мрежа во шахти и дератизација – третман против глодари.

На 4 јуни 2024 година (вторник), на полноќ (00:00 часот) предвидено е да се реализира третман – терестична адултицидна дезинсекција – против возрасна форма на комарци.

Задолжителна е заштита на пчелните семејства!

Доколку временските услови не дозволуваат, третманите ќе се изведат нареден ден.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Топло и со јужен ветер