Две лица од Куманово биле приведени откако полицијата првин им пронашла пари и кокаин, а потоа и други видови наркотици.
– На 30.04.2024 во 22.40 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода Н.А.(36) и М.К.(36), двајцата од Куманово, затоа што кај нив биле пронајдени кокаин и пари, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Подоцна, како што додаваат од полицијата, со судска наредба, бил извршен претрес во домот каде што престојува Н.А., при што биле пронајдени и одземени марихуана, три дигитални ваги, пари и прашкаста материја.
– Лицате биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски