Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово го објави конкурост за традиционалната ликовна изложба „Самоуки 2024“.
Изложбата е дел од годишната програма за изложби националната установа.
– Јавно ги повикуваме сите неакадемски уметници над 25 години од Општина Куманово да земат учество на оваа изложба конкурирајќи со три дела по сопствен избор. Темата е слободна како и техниката, а секое дело треба да е опремено за закачување. Селекција на сите пристигнати дела ќе направи стручна комисија при Центарот и ќе ги извести учесниците за примените дела, информира Роберт Цветковски од НУЦК „Трајко Прокопиев“.
Рокот за пријавување трае до 27.05.2024 година (понеделник – до 12 часот).
Изложбата ќе биде отворена на 14.06.2024 година.
Сите заинтересирани уметници повеќе информации може да добијат на телефонскиот број 031/415-099.
Никола Ивановски