Државната изборна комисија преброја над 70 отсто од гласовите од денешниот прв круг на претседателските избори.
Според ДИК досега кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова освоила 257.105 гласови или 39,36 отсто од вкупниот број гласови.
Следува Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ со 125.825 гласови или 19,26 отсто.
Трет по број на гласови е кандидатот на ДУИ Бујар Османи со 14,48 отсто од гласовите или 94.585 гласови.
Следува Арбен Таравари кандидат на албанската опозиција со 67.604 гласови или 10,35 отсто.
Потоа е Максим Димитриевски, кандидат на ЗНАМ – За наша Македонија со 55.158 гласови или 8,44 отсто од гласовите.
Кандидатката на Левица Билјана Ванковска освоила 29.164 гласови или 4,46 отсто.
Најмалку гласови има кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски со 0,84 отсто од гласовите или само 5.494 гласови.
Сепак, ова се првични неофицијални информации.
Никола Ивановски