Седумдесет и деветгодишен кумановец вчера околу пладне бил агресивен и физички нападнал полициски службеник.
Loading...
– На 23.04.2024 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Р. (79) од Куманово, затоа што агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеник при извршување на службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, Б.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски