Објавени снимки од нуклеарниот објект во Исфахан по нападот од Израел

Сподели со своите пријатели

Иранската новинска агенција Тасним денеска објави видео од нуклеарниот објект во Исфахан, по информациите дека во тој ирански град се слушнале експлозии и дека е во сила воздушната одбрана.

Loading...

Како што јави Би-Би-Си, видеото е објавено со наслов дека „нуклеарната локација во Исфахан е целосно безбедна“.

На видеото се гледа како човек гледа во својот часовник во близина на Технолошкиот центар во Исфахан, а потоа камерата сними неколку војници кои стојат околу системот за противвоздушна одбрана.

„Во 4:45 слушнавме истрели. Ништо не се случуваше. Тоа беше противвоздушна одбрана, мислам на овие луѓе што ги гледате и оние таму (позицијата на вториот систем за противвоздушна одбрана)“, рече известувачот.

Неименуван американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека Израел утринава извршил напад на иранска територија, а иранската државна телевизија објави дека се уништени три беспилотни летала над Исфахан, откако бил активиран системот за противвоздушна одбрана.

Високиот ирански командант Сијавош Минхадуст изјави дека одбранбените системи се активирани поради сомнителен предмет и дека нема штета.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека нема штета на иранските нуклеарни постројки.

 

Loading...