Кумановец и неговен малолетен син нападнале полицајци

Сподели со своите пријатели

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници.

Loading...

– На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.Џ.М.(64) и неговиот малолетен син од Куманово затоа што физички и со метален предмет нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Амбасадорот на Казахстан во посета на Општина Куманово