Различни култури, религии и обичаи диктираат различни форми на однесување, особено кога станува збор за љубовта и интимните односи, бракот и семејството.
Еден пример за такви прописи е јудаизмот, кој има строги правила и должности кои мора да се почитуваат во бракот.
Јудаизмот признава само брачни заедници
@miriamezagui Replying to @isabelleanneb ♬ original sound – Miriam Ezagui
Јудаизмот ги препознава интимните односи само ако се дел од брачна врска, а односите се строго забранети пред брак.
Исто така, еврејската традиција зборува за сексуални односи само во брак, и тоа само со цел за размножување, без страст и водење љубов за задоволство.
Православните еврејски семејства имаат во просек од 5 до 10 деца.
Имајќи го тоа на ум, не треба да ве изненади случајот на еврејска двојка која не поминала една ноќ заедно во кревет во една деценија брак.
Целиот живот во брак, но во посебни кревети
@miriamezagui Replying to @ericat___ As long as there is know bleeding, husband and wife do not need to separate according to the Jewish laws of Taharas Hamishpacha, Family Purity. #pregnant #familypurity ♬ original sound – Miriam Ezagui
Миријам Азагви (36) и Арон Азагви се во брак и имаат четири ќерки на возраст меѓу девет месеци и девет години.
Патем, тие се православни Евреи и строго се придржуваат до сите правила пропишани од религијата.
Некои од правилата ќе ве изненадат. На пример, кога жената има менструален циклус, нејзиниот сопруг не треба да спие во ист кревет со неа.
Но, изгледа отишле чекор понатаму и го примениле ова правило за секој ден, односно ноќ.
Како што тврдат, Миријам и Арон никогаш не спиеле во ист кревет од почетокот на нивниот брак.
@miriamezagui Replying to @misspentyouth2 ♬ original sound – Miriam Ezagui
Правилата се почитуваат
Иако верата не им забранува да спијат заедно, тие меѓусебно се договориле дека тоа нема да се случи поради една причина – веруваат дека тоа ја прави нивната љубов уште посилна.
– Семејствата како нашето кои практикуваат религија ја нарекуваат неделата кога жената има менструација Нида. Тогаш мажот не смее да спие во ист кревет со сопругата. Јас и Арон се договоривме на почетокот на нашиот брак да го практикуваме ова цело време. Тој има своја спална соба, а јас моја. Ни ја зацврсти љубовта затоа што кога не можеш да ја „израмниш“ расправијата со секс, тогаш си приморан да зборуваш повеќе, што ја продлабочува врската помеѓу маж и жена – рече таа и додаде дека овој нивни став дополнително ја зачинил нивната интимна врска.
Таа откри и дека поради ваквиот начин на живот нивната врска е пожестока.
– Кога не сте секогаш до сопругот, интимната врска е многу повозбудлива, а допирите многу поинтензивни. Морам да нагласам дека нашата вера не ни забранува да имаме интимни односи само кога сакаме деца, туку сексот е дозволен и за лично задоволство – нагласи таа.
@miriamezagui Replying to @mariahjohnson34 Answering some questions about my pregnancy announcement as I wrap my hair with some @WRAPUNZEL scarves. #pregnancyannouncement #headcovering #pregnant ♬ original sound – Miriam Ezagui