Полицијата во Канада и САД уапси шест лица и трага по уште три во врска со кражба на злато и пари во вредност од 16 милиони долари.
Loading...
Оваа најголема кражба на злато во канадската историја се случила минатата година кога деветмина вработени на аеродромот во Торонто „Ер Канада“ украле 400 килограми злато и банкноти во вредност од 1,8 милиони долари од магацинот, пренесува Ројтерс.
Полицијата соопшти дека осомничените најверојатно го стопиле украденото злато што може да го отежне неговото пронаоѓање и дека со парите добиени од стопеното злато купиле 65 парчиња огнено оружје.
Петмина осомничени се приведени во Канада и еден во САД, а потрагата по уште тројца е во тек.