Ученици од Куманово со второ место од Детскиот литературен фестивал „Ракатки“ (фото)

Сподели со своите пријатели

Традиционално по дванаесетти пат на 15 и 16 месецов во Скопје се одржа републичкиот  детски литературен фестивал „Ракатки 2016 “, под мотото: „Во целиот свет – детето е дете“.

Оваа година, Општинските основни училишта „Вук Караџиќ“ и „Христијан Тодоровски – Карош“од Куманово ја имаа честа да ги бранат боите на својот град и да учествуваат на овој реномиран детски литературен фестивал. Учениците Андреј Јакимовски под менторство на наставникот по македонски јазик, Николче Јакимовски и Теона Тодоровска под менторство на наставничката Сања Јакимовска го поделија второто место со уште неколку ученици и настапија на фестивалската вечер.

Освен прекрасното читање на наградените творби на фестивалската вечер, учениците и нивните ментори од цела Македонија имаа можност да се дружат и по читањето, меѓусебно сплотени како што е и насловот на фестивалот „Ракатки“. Тие имаа можност да се запознаат со многу писатели за деца во Друштвото на писателите на Македонија, да посетат неколку музеи, цркви и знаменитости на главниот град, Скопје. Оваа магија на дружењето меѓу децата е само поттик да се учествува и на следниот фестивал – вели Николче Јакимовски, наставник по македонски јазик при ООУ „Вук Караџиќ“.

index1

Loading...

 

Инаку, секое основно училиште од Република Македонија  има право да прати по една творба на претходно распишан конкурс, а потоа Фестивалскиот одбор ги избира најдобрите творби и ги наградува.

На главната фестивалска вечер настапија триесет наградени ученици чиишто творби претставуваа мелем за ушите на слушателите кои имаа можност да уживаат во убавиот пишан збор.