Шест лица добија кривични за филмскиот грабеж во Куманово

Сподели со своите пријатели

Шест лица добија кривични пријави за „разбојништво“, а во врска со фимлскиот грабеж кој пред скоро два месеци се случи во Куманово.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Ц.(29) од Косово, В.А.(25) од Скопје, М.С.(31) од Скопје,  Б.Ш.(33) од Косово, Д.К.(26) од Косово и Е.А.(32) од Скопје поради постоење основи  на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237  од Кривичниот законик, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, пријавениот Е.А. на 21.02.2024 во СВР Скопје лажно пријавил кривично дело одземање на моторно возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговиот брат М.А..

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово ќе донира пари за Нови Сад и семејството на загинатиот Васко Саздовски

После тоа, на 15.03.2024 на улицата „Доне Божинов“ во Куманово, пријавените со возилото „ренџ ровер“ удриле во возилото „фолксваген пасат“ на С.С.(63) од Куманово, по што со закана со огнено оружје му одзеле торба со вкупно 7.512.170 денари во разни странски валути.

Никола Ивановски