Лице со здравствени проблеми загина во пожар во Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Четириесет и двегодишна жена од Крива Паланка загина во пожар, откако првин ја нападнала негувателката, па запалила оган во една од собите.

Loading...

– На 12.04.2024 во 11.30 часот во ОВР Крива Паланка, В.Н.(47) од Крива Паланка пријавила дека била нападната од Ј.Н.(42), лице со здравствени проблеми, додека била во домашна посета во нејзиниот дом како негувателка, при што се здобила со повреди, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, откако по нападот В.Н. била преземена од Итна медицинска помош, Ј.Н. запалила оган во една од собите и починала како последица од задушување од настанатиот пожар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Спречен шверц на облека на ГП Табановце

– Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Крива Паланка. Увид извршила екипа на ОВР Крива Паланка, стои во соопштението на кумановската полиција.