Има 55 години и е бремена со 24-годишното момче: Пар кој предизвика хаос на интернет

Сподели со своите пријатели

Дека годините се само бројка сведочи овој пар од 55-годишната Алина Лозано и 24-годишниот Џим Веласкез кои го поделија интернетот во ноември минатата година откако објавија дека се венчале и покрај 31-годишната разлика во годините.

Loading...

И сега отидоа чекор понатаму, бидејќи Алина потврди дека чека бебе во шестата деценија, откако успешно се подложила на ин витро оплодување.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alina Lozano Acosta (@lozanoalina)

 

Среќната двојка, која заедно има повеќе од милион следбеници на „Инстаграм“ – како што пренесува „Мирор“, ја потврди веста на социјалните мрежи, на шок и воодушевување на интернетот.

Алина, која живее со Џим во Колумбија, призна дека првично се обиделе да остане бремена природно, но се свртеле кон „потпомогната репродукција“ за да обезбедат успех.

– Пријатели, природното зачнување е тешко, но науката многу напредна и сакаме да го направиме ова за жени од сите возрасти кои имаат проблеми со забременување. Потпомогната репродукција, пријатели. Мора да најдете донор на јајце-клетка и да го поминете целиот процес, кој е многу долг. Треба да заштедите и пари – објави Алина.

Loading...

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alina Lozano Acosta (@lozanoalina)

 

Таа објасни дека досега потрошиле повеќе од 20.000 евра за процесот, но тие пари не се проблем бидејќи очајно сакаат заедно да дочекаат бебе.

– Многумина не прашаа колку чини третманот, процесот на асистирана репродукција и клиниката за плодност. Нема да ви кажеме како мерка на претпазливост, но предлагам да заштедите и да бидете трпеливи бидејќи ќе ви требаат и пари и трпение – им одговорила Алина на луѓето кои се распрашувале под нејзината објава.

 

 

Loading...

Но, Џим ја откри сумата.

-Тоа е 24.000 евра. Многу се пари, но вредеше затоа што можете да го видите нашето „мало чудо“ како доаѓа – рекол идниот тато.

Кога парот се венча минатата година, корисниците на социјалните мрежи шпекулираа дека 24-годишниот Џим ја користи Алина за пари, но таа беше првата која брзо ги отфрли сите гласини дека таа е неговата „шугар мами“.

– Во врска сум со Џим бидејќи тој е самодоволен човек, а јас не сум шугар мами. Не го поддржувам Џим финансиски, тој прв го започна овој модел на работа на мрежи (инфлуенсер) и веќе си ги заработува парите. А работи и како професионален актер – го бранеше својот млад сопруг Алина, кој и самата е актерка.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alina Lozano Acosta (@lozanoalina)