III Семинар за традиционална музика и игра „Накуде Скопје“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Продолжува континуитетот на Семинарот за традиционална музика и игра кој се оддржува во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Loading...

При неговото создавање во 2022 година се водевме од една важна премиса „само преку спознавање на локалното, може да се стигне до глобални знаења. Оттука беа оддржани и семинарите „Од Средорек до Дурачка Река“, и „ШОПЦИ/КОТОРЦИ“ разработувајки ги етничките предели Жеглигово, Средорек, Западен дел на Славиште, Источен дел на Славиште, Дурачка Река, Овче Поле и градот Кратово.

Доколку се водиме од фактот за богатата локална традиција на нашите предци несомено една година е мал период за „осознавање на локалното“.

Оттука и во новата 2024 година целејќи кон глобалните знаења нашиот фокус останува на научно и практично осознавање на локалната традиција, традицијата на нашите предци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Доаѓа првиот снег!

 

 

Центарот на нашето условно речено „поаѓање“ останува градот Куманово, односно некогашниот етнички предел Жеглигово. Отсечката ја повлекуваме кон север, односно кон етничкиот предел Скопска Блатија, и движиме „НАКУДЕ СКОПЈЕ“.

Loading...

Предходно споменатите семинари укажуваа на различностите на етничкиот предел Жеглигово со источните и јужните соседи, кои во минатото биле дотолку изразени да се создадат етнонимите, односно егзонимите гелосајки-црноџупки и шопци-которци. Пристапот на работа црно-бело, добро-лошо, едни-други, наши-нивни, тија-мија нема да биде случај во овогодинешниот семинар, бидејќи не постои конфликт помеѓу припадниците на етничкиот предел Жеглигово со своите соседи на север. „НАКУДЕ СКОПЈЕ, тој су наши људи…“ следи расплетот на приказната за оние од Студена Бара натаму, за блаќаните…

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Доаѓа првиот снег!

Концептот на семинарот за традиционална музика и игра, се заоснова на два фундумендални постулати, односно на теоретски и практични знаења. Во првиот дел од семинарот, ќе се реализира мастер клас на тема „Накуде Скопје“, кои ќе ги објасни етничките разлики помеѓу споментатите етнички предели. Семинарот ќе овозможи осознавање на овој дел од традицијата преку визуелниот сегмент, еден од најзначајните извори за науките поврзани со традицијата, каде што ќе бидат прикажани традиционални носии. По воспоставените теоретски знаења вториот дел на семинарот за свој фокус ќе има практична работа. Од најархаичните обредни игри до соборски ора, како и од обредни вокални напеви до соборска музичка традиција.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Доаѓа првиот снег!

 

Семинарот за традиционлна музика и игра ќе понуди од базични етнолошки и етнокореолошки информации до врвни научни дострели по прашање на овие науки. Целта на овој проект е афирмација на традиционалната култура во функција на запознавање и доближување кај младата популација, афирмацијата на младите уметници кои се занимаваат со истата, како и стручни усовршувања на носителите на дејноста.

Мастеркласот и останатите работилници ќе го оддржат етнокореолози кои се млади кадри, но веќе етаблирани во својата дејност.

Семинарот е поддржан од страна на Министерството за култура како проект од нациоанлен интерес за културата, а ќе биде оддржан на 16 и 17 Април од 18:00 часот, во фоајето и големата сала на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово.

Loading...

Интегрално соопштение