Ариша Госвани (9) е позната како „најсилната Индијка“ и дефинитивно ги поместува границите со својата сила и умешност.
На Инстаграм можете да најдете како изгледа (спортскиот) живот на девојче од градот Панчкола, а видеото на кое таа крева 75 килограми е прегледано 48 милиони пати.
View this post on Instagram
Ариша има неверојатна сила за своите години, а нејзиниот претходен личен рекорд, поставен на осум години, изнесуваше 60 килограми.
Корисниците беа изненадени од тоа како го подигна товарот до половината.
„Ми требаа години да ја достигнам оваа тежина. Почит“, напиша едно лице, додека друго додаде: „Ова е неверојатно импресивно“.
View this post on Instagram
Ариша почнала да се занимава со кревање тегови во 2021 година, кога поставила рекорд како најмлада учесничка на натпреварот со 45 килограми.
Оттогаш, таа победила на неколку натпревари и е спонзорирана од два популарни бренда од Индија, пишува New York Post.
„Не знам како го прави тоа. Дали е тоа генетика или редок подарок“, рекол нејзиниот татко Авниш Госвами.
View this post on Instagram
Малото девојче се надева дека еден ден ќе ѝ донесе радост на својата земја на Олимпијадата.