Знаци кои укажуваат дека ве одгледале родители нарциси

Сподели со своите пријатели

Нарциосидни родителите често се фокусираат на сопствените потреби и желби, занемарувајќи ги потребите на своите деца.

Loading...

Таквата семејна динамика може да создаде нефункционална врска.

Децата кои растат во таква средина често се соочуваат со предизвици во развојот на сопствениот идентитет и самодоверба поради недостаток на поддршка и внимание од нивните родители.

Овој тип на воспитување може да резултира со чувство на несигурност и проблеми со поставување на граници во зрелоста.

Терапевтот Мика Стивенс неодамна се огласи на Инстаграм за да открие уште неколку особини кои укажуваат дека сме израснати од нарцисоидни родители.

Во објавата, тој ги наведе следниве карактеристики:

– Имате прекумерната вина или срам кога велите „не“ или поставувате граници.

– Ви недостасуваат граници со родителите.

Loading...

– Сте морале да ги смирувате конфликтите меѓу родителите кога сте биле дете.

– Имате проблеми со донесувањето одлуки.

– Се плашите од неодобрување на другите, особено на родителите или на авторитетите.

– Имате чувство дека треба да ги слушате родителите дури и како возрасен.

– Многу сте самокритични.

– Се чувствувате инфериорно во однос на другите.

– Привлекувате токсични луѓе во вашиот живот.

– Покажувате знаци на емоционална траума.

Loading...