Димитриевски од Свети Николе: Со масовен одзив на гласањето народот ќе покаже дека си ја сака државата

Сподели со своите пријатели

Кандидатот за Претседател на државата од Движењето ЗНАМ – За наша Македоннија, Максим Димитриевски денеска ги посети Лозово и Свети Николе.

Loading...

Обраќајќи се пред граѓаните тој рече:

„Тие што најмногу градеа во државата сега се доведени на дното, од аспект плаќаа, а денеска не може да користат. Градеа, а гледаат како пред нивни очи се урива. Отвараа фабрики, пред нивни очи се затвора сето тоа“.

 

 

Тој потенцира дека последица на тоа е заминувањето на младите, кое е огромно.

Според него потребно е нештата суштински да се менуваат, бидејќи ова што се случува води во амбис, по приватизацијата на државата од оние кои 30 години ја практикуваат власта.

Loading...

 

 

Димитриевски рече дека Македонија е долго време заложник на поединци.

„Ниту еден претседател досега не се одважи, додаде тој, да и каже не на партијата која го номинирала. Не се одважи да врати закон, да каже не за она што е против интересите на граѓаните. Со мене ситуацијата е поинаква и мојата обврска е кон оние кои ми ја дадоа поддршката за мојата кандаидатура. А ќе работам за интересите на сите граѓани и на Македонија“.

Димитриевски се задржа и на состојбата во стопанството. Тој рече дека за да се полни буџетот треба да се искористат природните ресурси и потенцијали и да ја трансформирате Македонија во самоодржлива држава.

Како пример за тоа што се случува посочи дека Македонија има три фирми за експлоатација на песок, а ниту една нема дозвола за ископ, а во државава се градат станови, објекти, секаде.

 

Loading...

 

„Се краде на ангро, никој ништо не плаќа на државата. Песокот како најефтин материјал. Замислете што се случува со рудното богатство. Со рудите, со минералите, со мермениот комбинат и со икс други наши ресурси коишто треба да го полннат државниот буџет. Кај нас сите ја молзат кравата а никој не сака да ја рани“.

На крајот Димитриевски упати порака до светиниколчани да излезат масовно на гласање.

„Тоа ќе биде сериозна порака и за власта и за опозицијата. За сите оние кои последните 30 години си играат со народот и се менуваат, а никому ништо не фали. Битно е да излезат сите. Нека гласаат за кого сакаат, но на овие избори, оваа година народот мора да ја покаже својата сила. Со масовен одзив на гласањето. Затоа што само така ќе испрати сериозна порака до политичката елита дека народот си ја сака својата држава без разлика колку и да не негираат и од надвор и од внатре. Јас преземам обврска заедно да ја чуваме Македонија како суверена, самостојна и независна република“.

Вечерва Димитриевски е во Штип, каде што ќе има повеќе средби и ќе се обрати пред граѓаните.