За многу мажи, предвремената ејакулација е голем проблем, но постојат ефективни начини на кои секој може да трае подолго во кревет.
Ви пренесуваме практични совети.
Предвремената ејакулација е проблем што го погодува скоро секој маж во одреден период од животот, вели др. Томас Валш. Валш, уролог на Универзитетот во Вашингтон.
Ова веројатно не е утеха за оние кои се борат со овој проблем, но добрата вест е дека постојат начини да се продолжи издржливоста во кревет.
Просечно време до ејакулација
Во студија од 2005 година објавена во „Журнал за сексуална медицина“, истражувачите побарале од 500 хетеросексуални парови да го измерат времето што било потребно од почетокот на пенетрацијата на вагината до машката ејакулација во текот на четири недели.
Тие достигнале просечно време од 5,4 минути. Но, факт е дека многумина не можат да издржат толку долго, книгата „New Naked: The Ultimate Sex Education for Grown-Up“ од 2014 година објави дека скоро половина од мажите завршуваат за две минути.
Проблемот со предвремена ејакулација се дијагностицира ако редовно ејакулирате во рок од една минута од почетокот на пенетрацијата, без оглед колку се трудите да издржите подолго.
Најголемиот проблем со предвремена ејакулација е што многумина сметаат дека немаат контрола над проблемот, и колку повеќе се грижите за решавање на состојбата, ситуацијата станува полоша.
Дали тогаш има решение за проблемот? Постојат начини на кои можете да ја зголемите вашата издржливост во сексот, а ние ви пренесуваме 11 техники кои можат да ви помогнат.
Зајакнување на карличните мускули
Веројатно сте чуле за вежбите на Кегел, каде ги тренирате мускулите на карлицата преку низа вежби за контракција и ослободување.
За да разберете како се чувствуваат овие мускули кога се активираат, обидете се да го запрете протокот на урина следниот пат кога ќе уринирате. Обидете се да го направите ова неколку пати по ред.
Откако ќе почувствувате како да ги активирате тие мускули, затегнете ги и држете ги додека не изброите до 10, а потоа ослободете ги. Вежбајте во серии од 10.
Оваа вежба ќе резултира со засилена контрола на ејакулацијата и ќе ви помогне да издржите подолго во кревет.
Студија од 2005 година покажала дека 75 проценти од мажите ја подобриле еректилната функција откако ги направиле тие вежби.
Во друга студија, италијански истражувачи откриле дека 61 процент од мажите лекуваат предвремена ејакулација со рехабилитација на мускулите на карличниот под.
Ограничете ја пенетрацијата
За време на сексот не мора секогаш „да забивате насилно“. Обидете се да го забавите или насочите Г-точката на вашиот партнер со вашиот пенис, а потоа движете се со кружни движења.
Сексот не е само пенетрација
Најчесто мислиме на сексот само како пенетрација на вагината, но тоа е многу еднодимензионален поглед.
Постојат многу начини на кои партнерите можат да се задоволат едни со други, кои не вклучуваат вагинална пенетрација.
Пробајте орален секс, играчки, еротски масажи…
Менувајте ги позите
Наместо да се одлучите за една поза, обидете се почесто да ја менувате позицијата во која имате секс.
Покрај тоа што ќе внесете разновидност во вашиот сексуален живот, ќе имате шанса и малку да се смирите за време на промената на поза, доколку почувствувате дека се приближувате до кулминацијата.
Добра идеја е да пробате и некои „акробатски“ пози. Додека се обидувате да одржувате рамнотежа, веројатно нема да можете да се фокусирате толку многу на самото задоволство за оргазмот да пристигне подоцна.
Изберете секс пози кои ви помагаат да издржите подолго
Обидете се да прескокнете пози кои се премногу возбудливи за вас. Пробајте пози кои не дозволуваат длабока пенетрација и во кои нема толку многу движење одвнатре.
Една од опциите е позата Лотус во која мажот седи, а жената е свртена кон него, со нозете прекрстени зад грбот на партнерот.
Одложувајте го оргазмот
Одложувањето на оргазмот додека мастурбирате е една од најдобрите вежби за поголема издржливост во сексот.
Ова се прави со мастурбација додека не почувствувате дека се приближува вашата кулминација, а потоа застанете целосно додека не се смирите и продолжите.
Техника на притисок
– Ако почувствувате како доаѓа оргазмот, застанете и стиснете веднаш под главата на пенисот. Цврсто притиснете со палецот и показалецот и насочете го притисокот врз уретрата.
Техниката на притисок може да ви помогне да издржите подолго во кревет со исфрлање крв од пенисот и моментално намалување на сексуалната напнатост, што ја потиснува реакцијата на ејакулацијата – советува сексуален терапевт др. Јан Кернер.
Мастурбирајте пред секс
Ако мастурбирате пред секс, тоа всушност значи дека ќе имате секс по втор пат по ред и автоматски ќе ви треба подолго време до оргазам.
Сепак, внимавајте да не го сторите ова непосредно пред сексот бидејќи може да имате проблеми со ерекција и возбудување.
Користете вистински кондом
Кондомите можат да бидат доста ефикасно средство за одложување на оргазмот. Многу производители имаат и дополнителни дебели кондоми кои се нудат, што ќе ја намали вашата сензација и автоматски ќе ви трае подолго додека не достигнете кулминација.
Обидете се со лекови
Постојат многу лекови кои помагаат при предвремена ејакулација, но пред да започнете да ги користите, не заборавајте да се консултирате со вашиот лекар.
Прашајте експерт
Ако се чувствувате како да сте пробале сè и ништо не помага, можеби е време да одите на лекар.
Многу од веќе споменатите техники се доста тешки и можеби не ги правите правилно, затоа консултирајте се со експерт кој ќе ви помогне да ги користите поефикасно.
Посетата на уролог може да биде исклучително корисна, пишува Men’s Health.