Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло со мала локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 27 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 5 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне дури до 26 степени целзиусови.
Утре низ кумановско ќе имаме сончево и многу топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 7 степени, а максималната дневна ќе достигне 28 степени целзиусови.
И среда носи сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 8, а максималната околу 28 степени целзиусови.
Во четврток ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Температурата ќе се движи во интервал од минимални 7 до максимални 26 степени целзиусови.
И во петок ќе имаме сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од минимални 8 до максимални 27 степени целзиусови.
Сабота носи сончево и многу топло време со мала облачност и слаб до умерено засилен ветер од северен и северозападен правец. Температурата ќе се движи од минимални 9 степени во утринските часови до максимални 26 во текот на денот.
Сончево и многу топло со мала облачност ќе биде и во недела, кога ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу 9 степени, а дневниот максимум ќе достигне 27 степени целзиусови.
Следната работна недела се очекува дожд и пад на температурите за околу 10 степени.
Никола Ивановски