Максим Димитриевски, претседателскиот кандидат на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија вечерва се обрати пред граѓаните на Гевгелија.
„Ќе победиме со вас граѓаните, бидејќи оваа власт е аздисана од власт, однародена. Во Македонија Претседател на хартија, членовин парламентот, на хартија. Функционери коишто мислат само на себе си, а граѓанинот пати“, рече Димитриевски и додаде дека затоа од ЗНАМ се одважиле и формирале движење коешто излегува од граѓаните и ќе работи исклучиво за граѓаните.
„Мојата цел, нашата цел е овие најмладите да си ги имаме тука во Македонија. Целта на нивните привезок коалиции е да владеат и да ги полнат торбите со народното, државното. Затоа ние од ЗНАМ, заедно со вас тука, со граѓаните од цела Македонија, со оние што седат по кафулињата, но и со оние што не ни дозволија со автобусот да дојдеме во центарот на градот, ќе победиме. Заедно“.
Тој додаде дека ќе биде претседател на сите, затоа што целта е да обединува, а не да ги дели граѓаните.
„Во Македонија повеќе не треба да има место за патриоти и предавници што не ги интересира обичниот граѓанин, само вечните коалициисо нивниот партнер ДУИ, а народот се чувствува како граѓанин од втор ред. Доволно беше“, потенцира Димитриевски.
„Македонецот е истраен, трпелив, но Македонецот е и борбен. Верувам дека на овие избори граѓаните ќе ја покажат својата сила. А јас како кандидат за Претседател на Македонија ќе го дадам својот максимум за Наша Македонија да биде достоинствено место за живеење и секој граѓанин да има еднакви права и можности. Затоа што Македонија е држава во која сега нема право и правда. Македонија е држава во која се затвораат фирми и бизниси, а на секој чекор се отворат кладилници и брзи кредити. Мораме Македонија да ја направиме самоодржлива држава и да му дадеме шанса на граѓанинот да произведува тука и за тоа производство да биде добро платен. Недозволиво е за нив 78 посто покачување, а за обичниот граѓанин ништо“.
Димитриевски и пред гевгеличани кажа дека ќе се заложи пензионерите да добијат 13 пензија, преку насочување на нереализираните средства од капиталните инвестиции. Тој потенцира дека на овие избори граѓаните имаат шанса да направат вистинска промена, затоа што имаат опција за која можат да го дадат својот глас, а тоа е Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.
„Повелете, ние сме тука за вас. Јас како кандидат за Претседател, нови луѓе за кандидати за пратеници. Луѓе кои никогаш не добиле шанса. Ваш е изборот, почитувани граѓани дали ќе изберете да живеете во црниот или сивиот свет и во ова сивило што владее повеќе од 30 години или пак ќе изберете една нова опција. Јас се одважив и излегов пред вас да го побарам мандатот да бидам следниот Претседател на Македонија и никогаш нема да си дозволам да не смеам да го изустам името на мојата држава и да кажам – таму тој народ. Ние сме Македонци. Такви биле нашите предци, такви ќе бидат нашите внуци и внучки“, рече Димитриевски.
Тој се задржа и на потребата од професионална дипломатија и поставување на дипломати од кариера, искусни и учени кадри на клучните места, затоа што, како што рече, Македонија битките ги губи на маса.
На крајот Димитриевски пред гевгеличани потенцира дека нема да се промени.
„Јас сум Максим Димитриевски и ќе го дадам својот максимум за Наша Македонија. Посакувам успех на сите, а пред се во Македонија на следните избори да победи демократијата, да победи македонскиот народ, да се обедини и да победи Движењето ЗНАМ –За наша Македонија“. Караванот на претседаателскиот кандидат Димитриевски денеска беше и во Богданци, Валандово, Дојран и повеќе други места во регионот кадешто имаше средби со граѓаните.