Гранитни плочи се поставуваат на малиот плоштад во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Започна поставувањето на гранитни плочи на плоштадот „Маршал Тито“ во Куманово, или познат како мал градски плоштад, информираше претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска.

Loading...

 

 

Првата фаза, според претходните најави, предвидува замена на подлогата, на урбаната опрема, канделабри, клупи, жардиниери, осветлување, а акцент ќе се стави и на спомениците кои мора да бидат сочувани како претходно.

 

 

Loading...

Реконструкцијата, како што претходно информираше раководителката на секторот за урбанизам, Емилија Сларидис Јаневска, ќе се одвива во неколку фази.

 

 

Ова е прва фаза од почетокот на спојувањето на големиот и малиот градски плоштад во Куманово, при што е предвидено дел од улицата да биде затворена за сообраќај и воведување пешачка зона.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  26-годишен кумановец физички нападнал полицаец

 

 

Loading...

Улицата која ги двои двата плоштада и која во моментов се користи за сообраќај ќе се менува, ќе биде поставена подлога за да се добие целина со зоната на малиот плоштад кој потоа ќе се спои со големиот плоштад „Нова Југославија“.

 

 

 

Никола Ивановски