Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе одговори на сите обиди кои ќе ѝ наштетат на земјата.
Тој го изјави ова во време кога Израел се подготвува за можен ирански одговор на убиството на главниот командант на Корпусот на Исламската револуционерна гарда во Сирија, за што Иран го обвини Израел.
– Иран со години дејствува против нас и директно и преку своите полномошници. Затоа, Израел дејствува против Иран и дефанзивно и офанзивно – изјави Нетанјаху за време на состанокот на безбедносниот кабинет.
Коментарите на Нетанјаху уследија по телефонскиот разговор на Нетанјаху со американскиот претседател Џозеф Бајден, пишува The Times of Israel.
Израелскиот премиер посочи дека Израел има способност да се брани и ќе постапува по едноставен принцип – ќе одговори на оние кои му штетат или планираат да му наштетат.
Постои загриженост за можноста за ескалација на конфликтот по наводниот израелски воздушен напад врз комплексот на иранската амбасада во Дамаск.
Сепак, два ирански извори изјавија за Ројтерс дека одговорот на Техеран ќе биде внимателно проценет за да се избегне ескалација.
Израелски извор, цитиран од Канал 12, рече дека Израел ќе одговори на секој ирански напад, но исто така посочи дека ниту една страна не сака ескалација што може да доведе до сеопфатна војна.
Иранската револуционерна гарда соопшти дека во понеделникот, за време на нападот врз иранскиот конзулат во Дамаск, за кој Иран го обвини Израел, командантот на Револуционерната гарда во Сирија и Либан, Мохамад Реза Захеди, неговиот заменик, како и пет офицери кои биле кои го придружуваа беа убиени.
Техеран најави одмазда за овој напад.