Шумски полицајци и вработени во ЈП „Македонски шуми“ заработија кривични пријави

Сподели со своите пријатели

Триесет и деветгодишниот М.Д. самостоен референт во ЈП „Македонски Шуми“ заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“, додека М.С. (46), Ж.Р. (48), двајцата референти во ЈП „Македонски Шуми“, заедно со Б.М. (35), магационер во во истото претрпијатие заработија кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“.

Кривична пријава заработиле и Д.С. (38) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „поттикнување“, З.Ј.(47), Ф.Ј. (49), И.Т. (44), тројцата Шумски полицајци и А.С. (43), заменик командир на Шумска полиција, сите од Крива Палнка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Имено, М.Д. му наредил на лицето со иницијали М.С. да го даде својот чекан за жиг на Ж.Р. за да изврши жигосување на дрвна маса и да издаде испратница за превоз на истата. Ж.Р. извршил жигосување на 14 метри кубни дрва и за истите издал испратница за превоз на нежигосана дрвна маса. Б.М. како магационер на склад, без да изврши увид и контрола на предметните дрва, најпрвин со свој потпис на фалсификуваната испратница, ја примил дрвната маса во складот, по што изготвил испратница со невистинита содржина за превоз по 4,2 метри кубни огревни дрва.

Поттикнат од Д.С., истата испратница ја употребил како вистинита при контролата која на 21.08.2014 година ја вршеле З.Ј., Ф.Ј. и ИТ., кои утврдиле на записник дека предметната дрвна маса во дворот на купувачот на С.Ц. е нежигосана и не презеле мерки за одземање на истите, а не изрекле глоба во износ од 3.500 до 4.000 евра. А.С. иако знаела за горенаведеното не ги презела законските мерки и не поднела пријава до Државниот шумски инспекторат.

Со ова дејствие пријавените му овозможиле на ДС. да се стекне со противправна имотна корист од 4.400 денари, а го оштетиле и Буџетот на Р. Македонија во износ од 3.500 до 4.000 евра.