МАНИФЕСТ ЗА МАКЕДОНИЈА: Димитриевски кампањата ја започнува од Крушево

Сподели со своите пријатели

Со програмата „Манифест за Македонија“ утре во 13:00 часот пред споменикот Македонум во Крушево, претседателот на ЗНАМ Максим Димитриевски ја започнува кампањата за претседателските избори.

Loading...

Како што информираат од партијата по денешниот одржан брифинг, „Манифест за Македонија“ опфаќа пет начела и пет приоритети во првите 200 дена.

Кампањта ќе се води под слоганот „МАКСИМУМ ЗА МАКЕДОНИЈА“.

– Ќе водиме скромна, позитивна кампања која ќе опфати директни средби со граѓаните, и организација на неколку мини митинзи, од кои два ќе бидат од помасовен карактер, рече кандидатот Максим Димитриевски на денешниот брифинг со новинарите.

Исто така на брифингот беа презентирани дел од одговорите на прашањата кои се содржани на анкетата нарачана од движењето ЗНАМ, за потребите на аналитичкиот центар.

Според анкетата, двата најголеми предизвици со кои денес се соочува државата се корупцијата и криминалот, како и инфлацијата и невработеноста.

Според анкетата граѓаните рекле дека Димитриевски има поголем капацитет од лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски за да ги реши тие проблеми.

Прашани за мислење за лидерите на партиите, граѓаните ги оценувале со оценка од 1 до 5, каде 1 е неповолно, а 5 многу поволно. Димитриевски добил највисока оценка од 3,21 отсто, Христијан Мицкоски лидерот на ВМРО-ДПМНЕ има оценка 2,74, Димитар Апасиев има 2,32, Стевче Јакимовски 2,16, Али Ахмети 2,26, Арбен Таравари 2,42, Билал Касами 2,54, додека Димитар Ковачевски, лидерот на СДСМ има најмала оценка од 1,94.

Loading...

На прашањето кои од кандидатите за претседател се цврст и силен лидер, најголем процент од граѓаните ја избрале Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДМНЕ или 34,1 отсто, а по неа следува Максим Димитриевски, кандидатот на ЗНАМ со 24,3 отсто.

Анкетирањето, како што појаснуваат од партијата, е спроведено од 11 до 17 март 2024 година со употреба на CATI метода телефонско анкетирање на репрезентативен примерок од 1500 испитаници на тероторијата на цела Македонија, со пропорционален опфат на сите етнички заедници, со интервал на доверба 95% и маргина на грешка +-3%.