Поради штрајк деновиве ќе бидат затворани граничните премини кон Грција

Сподели со своите пријатели

Регионалниот центар за гранични работи – Југ ја известува јавноста дека поради штрајк на грчката царина во наредните неколку денови ќе има привремено затворање на граничните премини од грчка страна.

Loading...

Граничниот премин Меџитлија- Ники од грчка страна ќе биде привремено затворен за секаков вид на сообраќај во периодот од 06 часот на 02.04.2024 до 06 часот на 04.04.2024.

Граничниот премин Стар Дојран од грчка страна ќе биде затворен од 06 часот на 02.04.2024 до 06 часот на 04.04.2024. На овој граничен премин влез/излез во Р.Грција ќе можат да остварат само возила кои вршат транспорт на лекови и други медицински возила.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се затвора патот Кратово – Ранковце поради работи на тунел од Коридорот VIII

Граничниот премин Богородица ќе биде целосно затворен за секаков вид на сообраќај од 06 часот на 02.04.2024 до 06 часот на 04.04.2024.

Интегрално соопштение