Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ги објави целосните кандидатски листи за претстојните парламентарни избори.
Во изборна единица 2, каде што спаѓа и Куманово, како најголема општина во државата, носител е Даниел Стојчевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“, а покрај него се најдоа луѓе кои се нови на политичката сцена.
„За разлика од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, каде што во голема мера ги номинираа досегашните пратеници во Собранието на Република Македонија и не понудија ништо ново во кадровска смисла, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија на листите за пратеници номинираше луѓе кои се нови во политиката, стручни во областите во кои што работат, авторитетни и препознатливи во своите средини, чесни луѓе со карактер и вистински вредности, но и луѓе кои веќе имаат политичко искуство, со чист образ“, рече Никола Мемов, портпарол на Движењето ЗНАМ.
Тој нагласи дека во ЗНАМ веруваат дека граѓаните на Македонија ќе ја препознаат разликата во квалитетот на кандидатите за пратеници и довербата ќе ја дадат за Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.
Новинарите побараа коментар за рејтингот на господин Максим Димитриевски, кој според последната објавена анкета, е повисок од рејтингот на сегашниот Претседател на државата, Стево Пендаровски, за што портпаролот на Движењето ЗНАМ, Никола Мемов рече:
„Како резултат на конзистентните политики на Движењето ЗНАМ и нашите политички ставови, трендот во јавноста е зголемување на довербата на граѓаните кон нашиот Претседател, господинот Максим Димитриевски и движењето ЗНАМ-За наша Македонија. Како и досега во неколку наврати напоменавме дека конечната анкета ќе ја испорачаат граѓаните на денот на изборите“.
Запрашан дали ЗНАМ очекува неговиот кандидат за Претседател, Максим Димитреивски да влезе во вториот изборен круг од претседателските избори, Мемов рече:
„Одговорот на вашето прашање е апсолутно да,очекуваме Димитриевски да влезе во вториот круг“.
На листите за пратеници во Изборната единица два, се утврдени следните кандидати:
1. Даниел Стојчевски – Магистер по правни науки, дипломиран правник, директор на ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово.
2. Даниела Белимова – Дипломиран правник, Правосудна насока, Раководител на сектор за осигурување и права во случај на невработеносдт во АВРМ.
3. Ненад Стојановски – ВСП;Дипломиран Економист, Раководител на сектор за даноци и такси во Општина Куманово
4. Марија Тодоровска – Професор,Стопанственик
5. Игор Трајановски – Магистер по меѓународна политика, на факултет за информатички студии Ново Место Словенија, Докторант
6. Злате Мехмедовиќ – доктор специјалист по медицина на труд
7. Зоран Доневски – Економски факултет, пензиониран началник од МВР
8. Андреја Маџоски – Факултет за физичко образование и спорт,Спортски директор на КК
9. Ивана Аполеска – Студент на УКИМ Економски факултет-Смер Сметководство и ревизија
10. Ивана Гиновска – Магистер по економски науки, ЈП Паркинг Куманово
11. Стефан Тасевски – Правен факултет, Адвокат
12. Елизабета Јордановска – Педагошки факултет; менаџер за односи со клиенти Дом за стари лица Идила
13. Оливера Трајковска – Дипломиран теолог, постдипломски студии на психологија,Сектор за образование-Општина Куманово
14. Беким Садику – Градежен факултет, приватен сектор
15. Игор Палиќ – Дипломиран Криминалист,СТХ Скопје
16. Мила Жибак Димковски – Доктор на економски науки,Директот на СОУ Перо Наков
17. Спиро Наумовски – Правен факултет-Правник, Унија на возачи на Македонија и Адвокат Елена Дојчиноска
18. Благоја Стојановски – Машински факултет, Приватен сектор
19. Ивана Ѓорѓиевска – Филолог по општа и компаративна книжевност,Наставник во ООУ Кочо Рацин
20. Горан Минчев – Дипломиран економист