ЗНАМ во Скопје ги претстави Димитриевски и носителите на пратеничките листи

Сподели со своите пријатели

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска во Скопје одржа Конвенција на која беа претставени кандидатот за Претседател на државата и носителите на пратеничките листи во шесте изборни единици за претстојните претседателски и парламентрни избори.

Loading...

На Конвенциајата пред неколкуте илјади присутни граѓани, членови на партијата и симпатизери, се обрати Претседателот на Движењето и кандидат за Претседател на државата, Максим Димитриевски.

„Движењето ЗНАМ – За наша Македонија е нов политичкчи субјект, но има сила, визија и е субјектот што ја носи промената на политичката сцена на Македонија“, рече Димитриевски и додаде:

„Време е почитувани црно-сивиот свет да исчезне од Македонија. Ги доведоа Македонците во сопствената држава да се чувствуваат како граѓани од втор ред, наметнувајќи наратив дека Македонија е биетничка држава, држава на две мнозинства и многу малцинства. Ги доведоа во прашање основните обележја на македонскиот народ – националниот идентитет, јазикот, културата, националната историја. Не доведоа во позиција во 21 век да се докажуваме кои сме и што сме. Направија и прават грабеж и распродажба на националното богатство. И она што е најпоразително придонесоа граѓаните да не си ја сакаат државата и да заминуваат гледајќи ја иднината надвор од границите на Македонија“.

 

 

Димитриевски потенцира дека за нормалното функционирање на државата голема важност има и дефинирањето на соживотот во Македонија и да се гради реално мултиетничко, а не биетничко општество, како што некој се обидува тоа во континуитет да го наметне, а граѓаните мора да се интегрираат во општеството, да се разбираат и да живеат во слога и заедништво.

Loading...

„За нас како Движење ЗНАМ – За наша Македонија и за мене како кандидат за Претседател на државата, принципите на кои е поставена Македонија се црвените линии, нешто за кое нема разговори и преговори и секое отстапување ќе значи изневерување на жртвите што се вградиле во основата на истата“, рече тој и нагласи дека секој човек, без разлика кој е, што е, од кое потекло е, какви политички, верски или други убедувања има, заслужува да биде третиран со почит и дека никому не треба да му се нарушува достоинството.

„Ќе бидам Претседател на Македонија, којшто суштински ќе постапува согласно уставните надлежности и ќе биде независен во своето постапување и нема да должи никому, освен на граѓаните. Тука, пред сите вас, велам – ЗНАМ, сигурен сум, дека никогаш нема да потпишам закон или друг документ што ќе и наштети на Македонија или којшто ќе им штети на интересите на граѓаните. Секогаш на прво место ќе ми биде јавниот интерес, граѓаните и интересот на државата. Мојата цел е да бидам Претседател на Македонија, кој што ќе биде столб и гарант на уставноста на државата. Граѓаните заслужуваат нов профил на Претседател, којшто достоинствено ќе ги претставува, како на домашен, уште повеќе на меѓународен план“, нагласи Димитриевски и додаде дека цел е Македонија да биде земја во која ќе владее правото, ќе има правда за сите и еднакви можности за секој граѓанин.

„За жал Македонија сега е земја во која владеат корупцијата, неправдата. Со децении оние што практикуваат власт ветуваат едно, а остваруваат само придобивки за себе и за своите фамилии. Се создаде, најблаго речено, приватна држава, во која економијата, правдата, соживотот функционираат одлично, но само за нив, за одредена политичка елита и нивните пулени. Власта, од која било боја, со своето недомаќинско и криминално однесување не само што Македонија не ја приближи до развиените држави во економска и општествена смисла, туку ја оддалечи од развиениот свет, од Европската Унија“, рече Димитриевски и продолжи:

„Ние заедно со вас, граѓание, ќе ја направиме Македонија држава со функционални институции и професионалци кои ќе бидат на услуга на граѓаните, а не во функција на политичките елити, поединци и фамилии. Само така може да се сузбијат корупцијата, криминалот и неказнивоста. Нашата цел е Македонија да стане самоодржлива држава со силна економија, а притоа да се зачуваат природните ресурси и капацитети. Мораме да обезбедиме енергетска независност што ќе го постигнеме со изградба на електроенергетски објекти кои ќе бидат во сопственост на Македонија. Втората важна компонента за самоодржлива држава е производството на храна. Во наредиот период ќе одиме кон планиран развој на земјоделието и загарантирани цени на основните земјоделски производи, со цел тоа да стане водечка сила во економијата. Со правилна распределба на буџетот за производство на храна, со поволни кредити со ниски камата за земјоделците, со субвенции за земјоделците, на вистинските земјоделци, може да се зголеми производство на здрава храна, со помалкау пестициди, но и на високо квалитетна стока, а водата нема да е на продажба како наше национално богатство“, потенцира Димитриевски. Тој рече дека интеграцијата во Европската унија е стратешка цел на Македонија.

„Но ние мораме да си ја сработиме домашната задача, односно да имаме држава со силна економија, институции од доверба, владеење на правото, почитување на човековите права. Само така ќе ја имаме потребната почит и нема да има никаков простор да бидеме условувани и уценувани“, рече тој и додаде:

„ЗНАМ дека со мудра политика ќе создададам услови за да ги одржуваме добрите односи и пријателствата со нашите стратешки партнери, но и со останатите држави со кои ќе имаме заеднички интереси и блискост во политичките ставови за важните меѓународни политички и економски прашања. Само така ќе можеме да одиме со крената глава и неразнишано достоинство“.

Сакам да се заблагодарам што сите вие сте тука и ја давате својата поддршка на визијата што ја имам за Македонија како земја со силна економија, правда и среќни луѓе. Сакам да ве уверам дека за мене зборот е збор во вистинската смисла. Нема добро, нема чесност, морал доколку едно мислите, друго зборувате и трето правите. Животот со такви принципи е тежок, но е возможен. И исполнува. ЗНАМ дека на овие избори Македонија е на раскрсница. ЗНАМ дека граѓаните ќе ја препознаат различноста и ќе гласаат ЗА, а не против. ЗНАМ дека победуваме“, рече кандидатот за Претседател, Максим Димитриевски во обраќањето пред присутните на Конвенцијата на Движењето ЗНАМ- За наша Македонија.

На Конвенцијата се обратија и носителите на пратеничките листи. Бобан Карапејовски носител на листата од ИЕ 1 нагласи:

Loading...

„Нашиот народ одамна рекол: „Испружи ги нозете, колку што ти е долго чергичето.“ И, не оти чергичето ни е толку мало колку што доаѓа до народот! Туку, апетитите на политичарите се толку големи што го трошат и го јадат тој економски капацитет, корупцијата царува, а буџетот се распределува криминално за да ќарат оние што го изготвиле, наместо граѓаните. И тоа ни се случува во континуитет речиси 20 години наназад. Тоа се мотивите зошто јас лично решив да се вклучам во ЗНАМ, да застанам тука пред вас и да ја побарам вашата доверба. За да запре сето ова“.

Даниел Стојчевски, носител на листата во ИЕ 2 нагласи: „Ние на овие избори го бараме гласот од сите граѓани. Но, пред сè, ние сме партија на левиот центар и секогаш во фокусот ни е работникот, пензионерот, таканаречаната средна класа, која секојдневно ја снемува пред нашите очи во Македонија. Не може оние што ја граделе оваа држава да останат на нејзините маргини и заборавени. Минималната пензија мора да се усогласи со минималната плата, а тринаесетта пензија да добијат сите оние што земаат пензии до 30.000 денари“.

Во ИЕ 3 носител на пратеничката листа е генералот во пензија и доктор по историски науки, Павле Арсоски:

„Граѓаните имаат моќ состојбите да ги свртат во позитивна насока, а ние имаме должност да ги мобилизираме, омасовиме и организираме. Со масовна поддршка да докажеме дека ние во Македонија сме способни во државата повторно да воспоставиме ред, работа и поредок, да воспоставиме праведен систем каде сите наши луѓе ќе се чувствуваат свои на своето, каде што ќе имаат работа, ќе имаат пристојен и добар живот, младите ќе имаат
европско образование“.

„ЗНАМ дека со нас ќе победат сите они кои сакаат правда, со нас ќе победат работливите, со нас ќе победат чесните, со нас ќе победат оние кои ја сакаат Македонија, рече Миле Цеков, носител на листата во ИЕ 4.

Тој додаде дека:

„Ние од ЗНАМ ќе се бориме ПРОТИВ рудниците во југоисточниот регион. Во овој реон каде припага и мојата Струмица треба да се искористи потенцијалот што ни го дала природата, сами да произведуваме храна, акедонија повторно да стане конкурента земја извозник на храна а не 90 % да јадиме увезена храна“.

Носителот на листата во ИЕ5 Весна Бендевска рече дека” пред нас се избори кои ќе одлучуваат за иднината на Македонија! Иднина без минато, едноставно нема. Како што не мода постои Македонија без македонци, без македонски јазик, македонска историја и национален идентитет. Ова се избори кои ќе одлучуваат дали сме достојни на борбата и саможртва на македонските херои. Ние мора да го зачуваме темелот на државотворноста што го граделе тие.”

Loading...

„Не смее Тетово да е рекордер по искористување на фондови за решавање на водоснабдувањето, но се уште да постојат рестрикции и прекини во водоснабдувањето, а слично е и во Теарце, Ратае и другите рурални средини, како во Подгор, така и во Поселието. Ова се дел од проблемите“, рече Небојша Захариевски носител на пратеничката листа од ИЕ 6.

„Само со транспарентност, отчетност и одговорно работење, може да постигнеме добро владеење кое и те како насушно и е потребно на Македонија, затоа главата горе доброто владеење допрва доаѓа“, рече тој.