MEДИТЕРАНСКИ ЗАЧИНИ: Штитат од алергии, го зајакнуваат имунитетот, ублажуваат кашлица…

Сподели со своите пријатели

Медитеранските зачини што можете да ги одгледувате дома ќе му дадат на оброкот свежина и вкус, но исто така имаат и многу здравствени придобивки.

Loading...

За садење во саксии, изберете ги оние што всушност ќе ги користите, како рузмарин, босилек, темјан или нане.

Рузмаринот е одличен извор на манган, железо, калциум, бакар и магнезиум. Тој е одличен извор на витамин Ц и фолна киселина и добар извор на витамин А, витамин Б6 и витамин Б5.

 

 

Босилекот е богат со витамини К и А, калциум и калиум, и оди добро со салати и сосови од домати. Во Индија, босилекот се негувал како симбол за добредојде, а Ајурведата, еден од видовите босилек (тулси, лат. Ocimum tenuiflorum) се користи за лекување на многу болести – дијабетес, астма, импотенција, камења во бубрезите, неплодност и алергии.

Ова растение за зачини обезбедува и заштита од инфекции – истражувањата покажаа дека внесот на босилек го зголемува производството на антитела кои се борат против инфекциите за 20 проценти.

Loading...

Затоа експертите сè повеќе ја истражуваат улогата на маслото од босилек како природен антибиотик.

Лековитите својства на темјан се познати одамна, а денес тој најмногу се користи за лекување на анемија, треска, варење и мамурлак.

 

 

А, нането е лековито растение кое ги потиснува воспаленијата и инфекциите, го зајакнува имунитетот, помага при астма и алергии бидејќи ги намалува непријатните симптоми на алергија на полен.

Исто така е одличен за варење и го ублажува стресот. Ова растение има диуретично дејство и го забрзува метаболизмот, што на крајот помага во процесот на слабеење. Богато е и со железо.

Чајот од рузмарин се користи за надуеност и бавно варење, ревматски проблеми и проблеми со жолчката. Стимулира излачување на урина и е корисно за црниот дроб. Ефикасен е и во борбата против бактериите (стафилококи, стрептококи) и габи.

Loading...

 

 

Босилек

Го отвора апетитот, го стимулира варењето, го смирува воспалението на мукозните мембрани на желудникот и цревата, ги ублажува грчевите и подеднакво се користи за решавање на проблемот со надуеност, гасови, гадење или запек. Варената вода со босилек го смирува болното и запалено грло.

Темјан

Името темјан потекнува од грчкиот збор „тимон“, што значи храброст. Се смета дека е ефикасен против сите видови грчеви и го олеснува непријатноста за време на ПМС. Темјанот работи против сите видови кашлица, бронхитис, астма и отежнато дишење.

Нане

Доколку настинете или заболите од вирус, чајот од нане е одличен избор бидејќи поради високите нивоа на калциум, витамин Б и калиум, тој ќе ја стимулира работата на имунитетот, а со тоа ќе го забрза процесот на опоравување на организмот. Одлично е и за воспаление на грлото и алергии.