Без 1.000 евра четиричлено семејство во Македонија тешко ќе преживее

Сподели со своите пријатели

За само основни потребни на едно четиричлено семејство во Македонија во март му се потребни близу 59.000 денари.

Loading...

Ова денеска го обелодени Сојузот на синдикати на Македонија, од каде велат дека од декември лани до месецов трошоците се зголемиле за скоро 2.000 денари.

Најголем скок на минималната синдикална кошница има месецов. Споредбено со февруари тоа зголемување е дури 1.522 денари, благодарение на поскапување на храната.

– Трговците не го послушаа апелот на ССМ и неосновано само во интерес на зголемување на својот профит енормно ги зголемија цените на прехранбените производи што резултира со нефер практики на трговците, и доведува до осиромашување на работниците и граѓаните, а по прекинување на мерката на замрзнати цени – се наведува во соопштението на ССМ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каков рекорд соборија македонските граѓани на странските берзи?

Новото зголемување на минималната плата која ќе изнесува 22.567 денари, едвај ќе биде доволна да се купи само храна.

Никола Ивановски