Новата социјалдемократска партија преку соопштение за медиумите ги повикува сите граѓани на Република Македонија да ги бојкотираат изборите на 5-ти јуни.
Ја имаме историската шанса да покажаме политичката созреаност и ланецот на изборен криминал, кој континуирано се спроведува од 2008 година до денес, да го пресечеме и да означиме почетокот на една нова Македонија, изградена на темелите на демократијата и правната држава. Не постои подобра прилика за утврдување на подршката на злосторничкото здружение ВМРО-ДПМНЕ, односно да се преброи демократски определената јавност и народот на Груевски, отколку нивното излегување на избори на начин на кој што се определиле да одат.
Во совето партиско соопштение се осврнуваат и на последнто соопштение за јавноста издадено, од како што велат, седиштето на злосторничкото здружување, во кое опозициајта беше предупредена дека народот ќе ја казни на 5-ти јуни, но дека истото ќе го направеле и некои институции.
Од ВМРО-ДПМНЕ веројатно мислат на „независното судство“ од тефтерчето на Јанкулоска, притоа и самите потврдуваат дека Груевски и криминалната структура околу него никогаш не сфатиле дека на парламентарни избори се добива политичка власт, а не судска – велат од НСДП.
Тие истакнаа дека доколку опозицијата и демократските ориентирани граѓани останат доследни на одлуката за бојкот, ќе се докаже дека моменталната власт не поседува легитимитет да владее со Република Македонија.