ЈП „Чистота и зеленило“ и натаму на црната листа на УЈП

Сподели со своите пријатели

Управата за јавни приходи на Република Македонија го објави списокот на најголемите должници, а на листата се наоѓаат и повеќе приватни и јавни претрпријатија, како и физички лица од Куманово.

Од јавните претпријатија на листата должници е запишано „Чистота и зеленило“ кое на УЈП должи вкупно 3.817.919 денари. На листата е и Центарот за детско творештво „29-ти ноември“ со долг од 1.559.253 денари. Со сума од 1.055.182 денари на „црната листа“ се наоѓа и подружницата на „Шумско стопанство“ Куманово.

Како најголем должник од Куманово се јавува „Нама“ А.Д. Куманово со долг од 84.733.844 денари и се наоѓа на 32-то место најголеми длжници кон Управата за јавни приходи. Со долг од нешто над 51 милиони денари се наоѓа фирмата „Хуљуси – комерц“ од Черкезе сместена на 54-то место на листата. „КИК“ А.Д. Куманово е на 72-та позиција со долг од над 36 милиони денари. Во топ 100 должници е и фирмата „Виктор Манев Виктор“ ДООЕЛ Куманово со долг од околу 30 милиони денари.

На државно ниво во топ 10, односно на четвртотто место се наоѓа ЈП „Макединија пат“ со долг од вкупно 426.700.237 денари, веднаш на следната позиција со долг од 256.339.957 е ЈП „Македонски шуми“, а на 18-та позиција се наоѓа Македонската радио телевизија со долг од 109.144.360 денари.