Поранешниот руски претседател и премиер и актуелен заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев се огласи на Телеграм и ja претстави т.н. руската формула за мир, која се состои од седум клучни точки, наведувајќи дека планот е „хуман за сите“.
Медведев прво ја обвини Украина дека не е подготвена да преговара за крај на војната, а потоа ја претстави руската формула за мир во седум точки.
1. Украина треба да го признае поразот во воена смисла. Целосно и безусловно предавање на Украина и нејзините неонацистички клики. Демилитаризација на Украина и забрана за создавање паравоени сили на нејзина територија во иднина.
2. Меѓународната заедница треба да го признае нацистичкиот карактер на политичкиот режим во Киев и да изврши присилна денацификација на сите државни органи под контрола на ОН.
3. ОН треба да издадат изјава за губењето на меѓународниот правен субјективитет на Украина и да ја спречат да се приклучи кон воените сојузи без согласност на Русија.
4. Оставка на сите уставни власти во Украина и веднаш одржување избори за формирање привремен парламент на самоуправната територија.
5. Усвојување од страна на привремениот парламент на законот за исплата на сите потребни обесштетувања на Русија, вклучително и исплати на роднините на загинатите граѓани на нашата земја и исплати за штетата предизвикана по здравјето на ранетите.
6. Официјално признавање од страна на привремениот парламент дека територијата на Украина е всушност територија на Руската Федерација и усвојување на актот за повторно обединување со Русија.
7. Самораспуштање на привремениот парламент. ОН признавање на чинот на обединување.
„Ова може да биде мека руска формула за мир. Ова е компромисна позиција, нели?“, продолжи Медведев, додавајќи дека врз оваа основа може да се бара консензус со меѓународната заедница.