ЧУДО НА ОСТРОГ: Жена паднала од карпа висока 100 метри. Ја извлекле скоро неповредена!

Сподели со своите пријатели

Драгана Васиќ од Сијековац кај Брод без посериозни повреди го преживеала падот од карпата кај манастирот Острог, иако паднала во пропаст од околу стотина метри, од каде што ја извлекле спасувачите.

Loading...

Васиќ рече дека на 16 јули 2022 година престојувала во Острог, каде преноќила во манастирот, а следниот ден отишла на молитва и се поклонила на моштите на свети Василиј Острошки Чудотворец, пренесува Срна.

Пред да си оди дома, вели таа, извадила патерици од автобусот, дошла до карпата и се лизнала и паднала во провалија од 80 до 100 метри.

Според неа, иако удрила во карпите, не се здобила со скршеници, што е потврдено во Ургентниот центар во Подгорица, каде што била пренесена откако спасувачите ја извлекле.

Ниту една скршеница немало на снимките

„Ме снимаа, не можеа да поверуваат дека паднав од толкава висина без ниту една скршеница. Ногата и грбот ме болат малку од ударот во карпите и имам гребаници по телото и лицето. Свети Василиј ме спаси и штом ќе застанам на нозе, малку да се опоравам, пак ќе одам во Острог да му се поклонам на светецот“, изјави Васиќ на новинарите во Брод.

Како петгодишно девојче, Драгана Васиќ била повредена од мина во 1992 година и оттогаш е врзана за инвалидска количка, а благодарение на нејзината мајка, вежбите и молитвите можела да оди.