Како само една ноќ без спиење влијае врз организмот?

Сподели со своите пријатели

Сѐ поголем број луѓе имаат проблеми со спиењето. Така, една претходна студија веќе покажа дека дури една третина од возрасните во Велика Британија барем еднаш во животот се соочиле со несоница или други проблеми со спиењето.

Loading...

Една нова студија го потврдува истото.

Како резултат на недостаток на сон, може да дојде до проблеми во извршувањето на секојдневните активности, чувство на исцрпеност, па дури и хроничен замор.

 

 

Сепак, најновата студија покажува дека непроспиените ноќи би можеле да имаат уште посериозен ефект врз нашиот мозок, пренесува N1.

Една нова студија, чии резултати беа објавени во списанието „Journal of Neuroscience“, откри дека недостатокот на сон може да предизвика стареење на мозокот.

Loading...

Благодарение на податоците, научниците открија дека само една ноќ без сон предизвикува стареење на мозокот кај некои луѓе и до две години!

Тим истражувачи од различни институти низ Германија, Швајцарија и Данска открија дека недостатокот на сон предизвикува значителни промени во структурата на мозокот.

Како дел од студијата, биле анализирани податоци за МРИ на 134 здрави учесници на возраст меѓу 19 и 39 години со различни навики за спиење.

 

 

Споменатите услови за спиење вклучувале целосно лишување, односно 24 часа будност, делумно лишување или три часа сон во текот на ноќта, како и хроничен недостаток, односно максимум пет часа сон.

Целата студија опфатила и контролна група, чии учесници спиеле по осум часа секоја вечер.

Loading...

Луѓето во секоја група, исто така, имале барем една ноќ од она што се нарекува „основен сон“, каде што поминале осум часа во кревет.

Секоја вечер, нивниот мозок се проценувал, со пресметување на очигледната возраст на мозокот.

Оние во групата со вкупно лишување од сон покажале зголемена возраст на мозокот до две години.

Сепак, тие промени би можеле да се сменат со спиење.

Како што објаснија научниците, по една ноќ сон возраста на мозокот не се разликувала од почетната вредност.

„Најдовме поврзаност помеѓу промената на возраста на мозокот по целосното лишување од сон и променливите за спиење измерени во текот на ноќта за опоравување. Покрај тоа, ние исто така забележавме дека возраста на мозокот не се промени значително кај акутните или хроничните групи.

 

Loading...

 

Спротивно на тоа, возраста на мозокот не била значително променета ниту со акутно (три часа поминати во кревет во текот на една ноќ) ниту со хронично делумно ограничување на спиењето (пет часа поминати во кревет пет ноќи по ред).

Земајќи го сето ова во предвид, конвергентните наоди покажаа дека акутната целосна загуба на сон ја менува морфологијата на мозокот во насока на стареење кај младите учесници и дека овие промени се реверзибилни, односно можат да се поништат со спиење.

Така, научниците дошле до потврда на претходното верување – спиењето е пресудно за луѓето за да се одржат нормалните физички и психолошки функции.