Пет лица приведени во Куманово поради фалсификување пари

Сподели со своите пријатели

Пет лица во Куманово биле приведени под сомнение дека сториле кривично дело „фалсификување пари“.

Loading...

– На 08.03.2024 полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Куманово во село Ранковце ги лишија од слобода А.А. (31) од Скопје, И.М. (23) од Крива Паланка, Д.С. од Скопје, М.А. (24) од Скопје и З.Р. од Скопје, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што објаснуваат од полицијата, тие се сомничат дека извршиле кривично дело „Фалсификување пари” предвидено и казниво по член 268 од Кривичниот законик така што во месец февруари стапиле во контакт со лице од Скопје кое им понудило фалсификувани банкноти во апоени од 100 евра и за сума од 18 000 денари од истиот купиле 9 фалсификувани банкноти во апоени од по 100 евра.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  36-годишен кумановец обивал автомобили, полицијата го приведе

– Истите во месеците февруари и март во пет наврати во Куманово и Крива Паланка купувале производи од различни правни субјекти, по што се стекнале со противправна имотна корист од 500 евра, појаснуваат од СВР Куманово.

Лицата, додават оттаму се лишени од слобода во полициска станица каде комплетно е документиран кривично-правниот настан и поднесена е кривична пријава.

Од страна на судија на претходна постапка на сите 5 лица им е определен 30 дневен притвор.

Никола Ивановски