Утре без струја неколку улици во Куманово

Сподели со своите пријатели

Без електрична енергија во текот на утрешниот ден ќе бидат жителите на неколку улици во Куманово.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, утре во период од 11:00 до 12:30 часот, без електрична енергија ќе бидат објектите во поранешната фабрика ДИЕР.

Во период од 09:30 до 12:30 часот прекини ќе има кај корисниците од улиците „Страшко Симонов“, „Благој Илиев Гуне“, „Ѓуро Салај“, „Абдула Прешова“, „Александар Здравковиќ“, „Петар Драпшин“, „Драги Шутевски“, „Иван Цанкар“, „Романовска“ и „Ужичка“.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија, поради интервенции во дистрибутивната мрежа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманво: Драстична и нагла промена на времето!

Никола Ивановски