Вкупно 477 нстани на нарушување на јавен ред и мир (ЈРМ) бележи полицијата во Куманово во текот на 2023 година, покажува годишниот извештај.
Според статистиката на Полициската станица од општа надлежност Куманово, ова е благ пад во споредба со 2022 година, кога имало 490 нарушувања на ЈРМ.
Лани имало 140 физички напади, во споредба со 153 во 2022 година. Имало 75 тепачки, односно 14 помалку.
Зголемување имало кај нарушување на јавниот ред и мир со викање, карање или непристојно и дрско однесување. По овој основ биле регистрирани 127 нарушувања, додека во годината претходно имало 112.
По Закон за оружје има констатирано 40 прекршоци и по Закон за лична карта 122 прекршоци.
Во текот на 2023 година во Полициската станица од општа надлежност пријавени биле вкупно 2000 поплаки од граѓани, што е раст во споредба со 2022 година, кога имало 1750.
Во однос на преземените мерки, полицијата лани предупредила 1.591 лице, а привела 260.
Биле извршени тројно повеќе конторли на угостителските објекти во градот, споредбено со 2022 година, односно дури 63 такви акции.
Никола Ивановски