Кумановец ќе одговара за затајување на над 10.000 евра

Сподели со своите пријатели

Триесет и тригодишен кумановец доби кривична пријава под сомнение дека сторил „затајување“ и присвоил над 10.000 евра.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.П.(33) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од МВР, во текот на 2023 година, пријавениот ја приложувал неговата лична банкарска сметка, наместо банкарската сметка на правното лице, каде што бил вработен, при што се стекнал со противправна имотна корист во износ од 10.800 евра.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  36-годишен кумановец обивал автомобили, полицијата го приведе