„Телеграф“: Велика Британија е на работ на револуција

Сподели со своите пријатели

Велика Британија е на работ на револуција, пишува „Телеграф“ и наведува дека односот на младите кон политиката во земјата е радикално променет.

Loading...

Британскиот весник посочува дека поддршката на младите за конзервативците е на критично ниско ниво, но дека тоа што младите се разочарани од политичкиот естаблишмент не е шокантна, ниту изненадувачка вест.

Конзервативната партија – која останува една од двете главни политички партии во Обединетото Кралство – е во опасност од егзистенцијална криза доколку не успее да ја сврти струјата во своја полза.

Не е загрозена само најстарата и најуспешната политичка партија во земјава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каков рекорд соборија македонските граѓани на странските берзи?

Помеѓу големиот број млади, загрижувачки и се поприсутен скептицизам кон либералната демократија и пазарната економија, наведува „Телеграф“.

Истражувањето на YouGov покажа дека само 24 отсто од испитаниците на возраст од 25 до 49 години веруваат дека британската демократија успеала да одговори на нивните потреби, а кај оние под 25 години тој број се намалува на само 19 отсто.

Други истражувања покажаа дека повеќе од половина од младите Британци би сакале да живеат во социјалистички економски систем, додека значителен дел од нив велат дека не би имале ништо против да живеат под диктатор.

„Телеграф“ посочува дека економијата е главната причина за ваквите промени, а младите веруваат дека просперитетот во кој уживаат нивните родители, баби и дедовци е недостижен.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каков рекорд соборија македонските граѓани на странските берзи?

Сè помалку млади Британци можат да си дозволат да купат имот. Во 1980-тите, на просечното домаќинство во доцните 20-ти ќе му требаат околу три години да заштеди доволно пари за аванс. Денес би им биле потребни 19 години.

Имајќи предвид дека младите се соочуваат и со зголемени трошоци за изнајмување станови, повисоки даноци и други финансиски оптоварувања, лесно е да се разбере зошто сметаат дека системот не работи во нивна полза, додава британскиот весник.

„Цел век, а уште повеќе, на генерации млади им се ветува дека ќе имаат исти или поголеми можности од претходната. Кога тоа ветување не се исполни, не треба да се чудиме ако резултатот е генерации кои ги доведуваат во прашање идеите и институциите кои ја направија оваа земја толку успешна. Историјата ни покажува дека опаѓањето на довербата во институциите ризикува да создаде простор за радикални, честопати насилни политички идеологии. Не треба да бидеме задушени во лажно чувство на сигурност од релативната стабилност на британскиот политички и општествен поредок“, додава „Телеграф“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каков рекорд соборија македонските граѓани на странските берзи?