Викенд прогноза за Куманово: Дожд, па сонце

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, пообилни во јужните делови (над 25 л/м2), информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен, а наместа во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час).

Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до умерено засилен ветер од јужен и југоисточен правец.

Од страна на УХМР за кумановско е издадено жолто метео предупредување за силен ветер.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Одбиено обвинението против Димитриевски за „злоупотреба на службена положба“

Утринската температура ќе се движи околу седум степени, додека дневниот максимум се очекува да се искачи до 14 степени целзиусови.

 

 

Утре во низ кумановско ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ и југоисток.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу три степени, а максималната дневна се очекува да достигне 15 степени.

 

Loading...

 

Во недела ќе имаме сончево и топло време со слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.

Минималната утринска температура ќе се спушти до три степени, а максималната дневна ќе достигне 17 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дневно и до 16.000 патници го користат бесплатниот јавен превоз во Куманово

 

 

Во текот на следната работна недела ќе имаме променливо време, а се очекува и пад на дневните температури.

Никола Ивановски

Loading...